речник контакт

Вардар пак како поток

Во мај нивото далеку од просекот

Петар Печков

Реката Вардар во изминатиот месец мај повеќе личеше на  поток, отколку на река. Измерениот проток, од Управата за Хидрометеоролошки работи покажува дека тој е далеку од просекот.

Така проесекот за месец мај, изнесува  132,6 метри кубни во секунда а последнито ден на 31-ви во 7,30 часот е измерен 70. Такви беа вредносите за пооголемиот дел од  мај, иако на почетокот во првите неколку дена реката беше со високо ниво и протек.

Но потоа почна да опаѓа секојдневно, континуирано, по што повторно, како и лани се појави дното на реката. Колку за потсетување метеоролозите за месец мај најавуваа дождови и опасност од поплави.

 Што се однесува до јуни, просекот  за проток за  овој месец е  80,34 а првиот ден вчера -понеделник,  Вардар течел со 62,18 м3/сек . Очигледно ќа останат во сеќавања минатите шест месеци  од ноември до април, кога Вардар личеше на река и имаше висок водостој. Во три наврати дури и прелеа. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »