Петар Печков
Објавено: недела, 25 јануари 2015
Ноќта помеѓу саботата и неделата Вардар се изела во Велес. Поплавени се земјоделските површини во месноста Речани и Шорка. Најавите на надлежните дека критичната точка Вардар ќе ја достигне во велешко се остварија. Причина е надојдената река Пчиња, која влијаеше да се поплават бавчите во околината на градот.
Вардар надоаѓаше цел ден во саботата, а поплави после полноќ. Не е како што било други години, но сепак однесе дел од заседанети градинарски култури за пролетва, морков, млад кромид, млад лук - велат велешките бавчованџии.
Од неделата утро нивото на Вардар почна да опаѓа, па сега е осетно намалено. Од Дирекцијата за заштита и спасување потврдија дека има поплавено на мал дел земјоделски површини и некои од подрумите во куќите близу реката. Тие и локалната власт во саботата го предупредија граѓаните да преземат мерки оти нивото на реката Вардар ќе ја мине критичната точка.
Tweet |