Петар Печков
Објавено: петок, 06 март 2026
Нивото на реката Вардар низ Велес во пораст. Вчерашните пролетни интензивни дождови кој ја зафатија Македонија и секако Полошко, придонесоа Вардар утринава во Велес да има нивото од 138 цм. тоа е за шест цм повеќе од вчера.
Се очекува нивото да остане непроменето, оти и северно до Велс е со водостој без промени од вчера. Слично е и со притоките Треска и Пчиња кои се со ниво како и во текот на вчерашниот ден. Просекот за месец март во Велес н Вардар е 105 цм.
Реката Бабуна низ Богомила е со водостој адекватен за овој период и тоа од 20 цм. толку беше денес толку и вчера. И просекот за месец март е ист 20 цм.
| Tweet |




