Петар Печков
Објавено: четврток, 02 април 2015
Познат е терминот на четвртиот по ред Велес фест. На помошното фудбалско игралиште, на 13-ти јуни, сабота, жестока свирка за љубителите на рок музиката. Одлична понуда годинава организаторите им нудат на велешани , но и гостите од земјава, бидејќи се носи атрактивно име од соседството. DARKWOOD DUB од Белград се ѕвезди на вечерта а пред нив ќе настапат хеви метал атракцијата STEEL TEMPLE и Д. Н. О и двата состави од Скопје.
За потсетување дека на фестивалот,кој започна во 2012 како Велигденски настапија Бени и Нон стоп , Нокаут и Деј оф, во 2013-та настапија Суперхикс и Фолтин а фестивалот се одржуваше во салата Гемиџии, додека лани 2014-та на отворено на помошното фудбалско игралиште свирка имаа Пеперминт и Игор Џамбазов со Харе Гуру бенд.
Tweet |