речник контакт

Велес вклучен во грант за решавање на отпадните и канализациски води

Проектот е сложен и со високи критериуми за изведба и најрано ако се биде според планот може да почне да се работи во 2022-ра година, во зависнсот од капацитетот и темпото на работа во административниот дел

Петар Печков

Градот  Велес е вклучен во финансискиот пакет за ИПА 3 програмата  на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес е вклучена заедно со Општина Штип за реализација на проект за изградба на пречистителна станица со колекторски систем.

Според проектната документација  вредноста е од 23,5  до 24 милиони евра. Ако се биде според планираното неговата реализација би започнала најмалку после една година,   2022-ра година а истата поради комплексноста и специфичноста на теренот би траела  подолг временски период.   

„Општина Велес има обврска во наредниот период да започне процес на експропријација на градежно земјиште и други витални посебно геодетски работи за потребите за реализација на проектот“, истакна Коцевски. Ваква ставка во Општинскиот Буџет нема, така што ќе треба ребаланс  за да се обезбедат средства за оваа намена.  

Само техничката документација подготвена во рамките на овој капитален проект чини околу 1,5 милиони евра. До сега завршена е физибилити студијата или студијата на изводливост на проектот, анализата на економската исплатливост на проектот и основниот проект за изградба на колекторски систем, реконструкција на канализација и изведба на нови линии. Завршен е и идејниот проект за изградба на пречистителната станица.

Откако ќе се заврши скапата и комплексна тендерска документација се отвораат можностите за  реализација на проектот. Реномирани компании од земји членки на ЕУ кои се специјализирани во сферата на управување со води и отпадни води пројавиле интерес за овој значаен проект.

„Овој капитален проект вреден милиони евра ќе обезбеди управување со отпадните води во Велес кои повеќе нема да се исфрлаат во Вардар. Искрено се надевам дека програмите и плановите за реализација ќе се реализираат и дека велешани конечно ќе добијат систем за управување со отпадни води“, дополни Коцевски.

Обидот да се решат отпадните води и канализацијата кои директно се влеваат во Вардар, преку колекторски систем и пречистителна станица, пред 20-тина  година со кредит од Португалија  пропаднаа.   За негово решавање требаа многу пари а градот е поделен на два дела и  треба да се градат два паралелни системи, за левата и десната страна од градот.

Иако странците подолго време работеа на проектот, но едно биле работите на хартија, кога дошле во Велес виделе дека има непремостлива препрека, градот е распослан на два брега а странците  правеле пресметка без крчмар, само за едната страна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »