Петар Печков
Објавено: вторник, 27 септември 2016
Народниот музеј од Велес стана дел од проектот на Музејот на Град Скопје, со кој во Ликовниот салон во Велес, ќе можат да бидат претставени изложби, кои се дел од тамошната понуда. Го иницираше Музејот на град Скопје, вклучени се 18 музеи, надвор од главниот град на Македонија.
Идејата е сите изложби кои стигнуваат во Музеј на град Скопје, преку странските амбасади, тие да го продолжат своето патување и претставување. Целта е тие да бидат прикажани во градовите од внатрешноста и да ги види тамошната публика, но и да ја збогатиме културната понуда во градовите – рече Јасминка Намичева кустос на Музеј на град Скопје.
Прва изложба од оваа соработка во Велес беше неодамна поставената на современиот полски плакат. Следната е по Нова година на јапонски современа скулптура а која деновиве тргна со претставување низ Македонија, од Штип.
Tweet |