речник контакт

Велес добива нова, модернизирана филијала и Зона 24-7 на ПроКредит Банка, на нова локација

ПроКредит Банка продолжува да ја модернизира својата мрежа со отворањето на нова филијала во Велес на улицата 8ми Септември број 114, која ќе ја замени старата локација

Петар Печков

ПроКредит Банка продолжува да ја модернизира својата мрежа со отворањето на нова филијала во Велес на улицата 8ми Септември број 114, која ќе ја замени старата локација.

Отсега, клиентите од Велес и околината ќе имаат можност да ги користат поволностите на модерните банкарски услуги коишто се прилагодени на нивните потреби.

За почеток, новата филијала ќе функционира едниствено како 24/7 зона, со цел да овозможи флексибилност за пристап до банкарските услуги во секое време.

Благодарение на современите банкомати, клиентите ќе имаат можност да вршат уплати и исплати во денари и евра, да внесуваат дневен промет, како и да користат drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства.   

„Новоотворената филијала во Велес првично ќе функционира како 24/7 Зона со цел да ги задоволиме непосредните потреби на нашите клиенти. Во најблиска иднина планираме да ги прошириме нашите услуги со ангажирање редовен персонал за да обезбедиме сеопфатен опсег на банкарски услуги“ - истакнуваат од ПроКредит банка.

Оваа активност е дел од пошироката стратегија на ПроКредит банка за унапредување на својата мрежа од филијали, фокусирајќи се на удобноста на клиентите и интеграцијата на дигиталните услуги. Банката активно ги модернизира своите филијали на територијата на целата земја со цел да го подобри дигиталниот пристап и личната услуга, осигурувајќи дека клиентите можат ефикасно и безбедно да управуваат со своите финансии.

Сите детали за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).

ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »