Петар Печков
Објавено: четврток, 28 мај 2015
Велес викендов е домаќин на 44-тиот Државен натпревар на непрофесионален филм. Ќе биде отворен утревечер, петок, на сцената на новата тетарска зграда.
За учество биле пријавени 44 дела во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм.
Жири комисијата во состав: Илинденка Петрушева, Јордан Витанов и Миле Петковски ќе одлучува за најдобрите во сите категории. Организатори на фестивалот се Кино сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и велешкиот театар.
Tweet |