речник контакт

Велес е на трето место во земјава според бројот на активни случаи со ковид-19

Денес се регистрирани 23 нови случаи но и 28 оздравени

Петар Печков

Нови 23 лица позитивни на ковид-19 регистрирани се во велешко изминати 24 часа. Во истиот период оздравени се 28 пациенти. Според бројот на позитивни случаи 310, Велес и велешко се на трето место во земјава, после Скопје и Куманово. 

Во велешка болница, во трите ковид одделенија,  хоспитализирани се  67,  од кои  43 се потврдени позитивни, 11 сомнителни  и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест. 

Извршен е транспорт на 73 годишна пациентка на Инфективна клиника Скопје. На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно одделение се згрижени  34, на Интерно осум и во  Модуларната болница 25 пациенти.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »