Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2015
Иако не беше на листата на градови, каде ќе се засадуваат палми, днес, петок, започна нивно садење во Велес. На повеќе локации вработените од ЈКП Дервен треба да засадат 47 влакнести палми (толку пребројаа засадувачите), високи три до четири метри.
Овие медитернски дрвја ќе го красат паркот пред Гимназија, во Младински, во Офицерски и на влезот од Велес кај Штипско џаде.
Така по Охрид, Струга, Дојран, Преспа,Гевгелија и Велес доби дел од илјадата палми кои се одбезбедени преку ЈП Македнски шуми.
Tweet |