речник контакт

Велес осамна со плакати за непосакувана личност за директорот на Метрудхем

„Зелената сила“ му порача на Тони Димитриоски, „во Велес не си добредојден“

Петар Печков

Повеќе стотина плакати со ликот на Тони Димитриоски, управителот на „Метрудхем“ ноќеска го преплавија Велес. На сите фрекфентни места  во градот е неговата фотографија а под неа пишува „Во Велес НЕ“.  Ова е дел од новата кампања која ја започна граѓанскиот сектор, а со која им порачува на сопствениците на топилницата дека не се добредојдени во градот, кој претходно 30 години беше труено со тешки метали.

На овој господин јазикот на 20 илјади велешани, колку што излегоа на протестот му е туѓ  неразбирлив. Тие му порачаа дека не ја сакаат топилница на истата локација,  а тој продолжува по старо.  Затоа  ќе создадеме сликовница која ќе ја делиме на  децата во Велес, на која во наредниот период ќе ги обелоденуваме лицата на луѓето кои сакаат да не уништат. Ќе им ја делиме на децата бидејќи, оваа група на луѓе е желна за пари, сака да го завие во црно детството на овие мали невини суштества и на тие што допрва ќе се родат. Нив здравјето не ги интересира. Затоа преку овие плакати јасно им порачуваме , не ве сакаме – изјави Игор Смилев член на „Зелената сила“ дел од граѓанскиот отпор „Зелена коалиција“, која силно се против о на рестартот на топилницата во Велес. Тие зад себе ја имаат поддршката од 20 илјади велешани кои излегоа на 9-ти ноември на „народното еколошко востание“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »