Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јануари 2010
Велес остана без хотелско сместување за гостите што планираа да го посетат, па ако тие сакаат да преноќат ќе мора да патуват неколку километри подалеку од градот, откако пред десетина дена единствениот сместувачки капацитет, хотелот „Вила Зора“ беше затворен.
Со него управуваше АД Киро Ќучук, но тој се исели без објаснување, откако собрал се што било негов инвентар. Причините за напуштањето на објекот раководството на друштвото не ги обелоденува, а службените телефони на фирмата се исклучени поради неплатени сметки и недостапни се за одговор. Веќе подолго време АД Киро Ќучук е во сериозни финансиски проблеми што се претпоставува дека е главниот мотив, за нивното заминување. Извршено било примопредавање помеѓу Здружението на Борците од Велес и Фондот на ПИОМ, со чии средства тој е изграден во 1985-тата година.
- На два дена пред да се исселат, не повикаа и без многу обајснување рекоа дека го напуштаат обејктот. Извшивме примопредавање, на тоа што остана во зградата. Ние не сме во можност финаниски да ја одржуваме, така што доколку наскоро не се случи некој да го превземе, тој ќе се уништи – вели Кицо Саздовски претседател на Здружението на Борците. Тој сега личи на објект од филмовите на страв и ужас. Напуштен, испразнет, темен, грда слика за околината и градот. Наместо гости во него, во дел до собите се населиле бездомици или наркомани, а по подот има шприцови и игли. Од први јануари во него има и служба за обезбедување, обезбедена о д Фондот на ПИО? која ги сопре кражбите и дивото вселување. Хотелот располагаше со 160 легла во 60-тина соби и имаше три ресторан сали за 500 гости и голема летна бавча.. Објектот е изграден во 1985-та година со средства од Сојузот на Борците од Велес и Фондот на ПИОМ, првите располагаат со 60 а вторите со 40 отсто од него. Со делбениот Биланс од 1999-тата Владата објектот го дала на градот, поради што Борците оваа одлука ја оспоруваат. И додека трае расчистувањето на имотно - правните односи, тие бараат спас, бидејќи бил нивно чедо и сакаат Велес да добие пристоен Хотел.. Во градот има и друг хотел ,,Интернационал“ кој не работи, иако е купен пред три години од страна на сопственикот на бензиските пумпи „Макоил“.
- Ако градот не сака да има хотел, тогаш не можам ништо на сила да сторам. Барав градежна дозвола да го уредам објектот по светски стандарди, ме одбија, не бил во согласност со ДУП. Две години ветуваат дека ќе го донесат ништо не сторија. За летната тераса водам судски спор да докажам дека е бесправно доделена и тој процес се влече во оваа институција. Така што кога ќе се случи Хотелот да проработи не е извесно – вели Мите Јовановски, сопственик на Хотелот Интернационал кој имаше 130 легла во 70 соби, сместен во центарот на Велес. Така сега Велес е без хотелско сместување а посетителите ако се решат да дојдат во градот, ќе мора да патуваат со километри, во некој од соседните хотели за да преноќат. Туристичките работници реагираат на ваквата сосојба но решение засега нема.
- Кога било кој клиент, дали стопански субјект, локалната власт или трет побара да ги сместиме нивните гости во градот, немоќно креваме раце. Мораме да им понудиме сместување кое е оддалечено од градот, на што гостите реагираат. Тие сакаат да преноќуваат во Велес и ги видат неговите знаменитости а вака не се во можност. Тоа е изборот и од него нема бегање - велат од велешка туристичка агенција.

Tweet |