речник контакт

Велес после Скопје со највисок опфат со трета доза, вакцина против ковид-19

Вчера вакцина „бустер“ примиле 48 лица, а се аплицира на граѓани кои се вакцинирани со кинески вакцини а од втората доза минале три месеци

Петар Печков

Можноста  за примање трета доза вакцина за заштита од ковид-19,  вчера претпладне во Велес ја искористиле 48 лица. Досега  за три седмици, заклучно со петокот,  можноста да бидат вакцинирани со трета доза  во Велес ја искористиле 76  лица, сите здравствени работници. Со ова жителите на Велес, после Скопје се со највисок интерес за трета доза. 

Новината која се применува од вчера,  се однесува за сите кои се вакцинирани и ревакцинирани против ковид-19 со вакцините на „Синовак“ и „Синофарм“,  а трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинацијата.

„Вчера имавме добар интерес за трета доза, која ја примија  и здравствените работници но и други граѓани од сите возрасти кои  претходно се вакцинирани со кинеските вакцини а минало три месеци од втората доза“ - кажа д-р марина Тодоровска, координатор за вакцинација против корона вирусот во Велес.  Сите тие примиле вакцина „Фајзер“

Се уште  не е  стигнат терминот кога „бустер“ вакцината, треба да ја  примаа лицата вработени во  полиција, војската, пожарникарите, воспитувачките во градинките, вработените на патарините и просветните работници.

Минатата седмица, која беше со намален број работни денови, четири, прва доза примиле 101 граѓани, втора доза 337. Вакцинацијата се изведува во  Здравствен дом  во терминот од 7,30 до 13,30 ч. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »