Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 август 2017
Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика , градот Велес се празни. Ланската година во градот се доселиле 164 лица а се отселиле 267.
Од тие што се доселиле 133 се од друга општина а од селата во Велес дошле 31 лице. Слична е состојба и во соседните општини.
Градско 62 доселени/отселени 65. Лозово 41 доселени/отселени 54. За општина Чашка нема податоци .
Државниот завод за статистика ги нема обработено податоците за новородени и починати во 2016-та година, за да се види дали и натаму продолжува негативниот тренд во бројот на населението во општината, како што беше изминатите десет години.
Каква е ситуацијата од 2005 до 2015
Доселени: 150 133 194 193 204 172 201 168 164 179 180
Отселени: 257 211 220 231 259 212 232 260 244 210 217
Tweet |