Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2016
Со победата од 4:3 екипата на Велес ја избегнува опасната зона од Првата лига, која носи разигрување за опстанок во најквалитетното друштво.
Во 14-тото коло, совладана беше екипата на Црна Река од Кавадарци. Така велешани сега се 7-ми со 17 бода 4 повеќе од претпоследната екипа на СЕЕУ.
Во наредното коло Велес гостува на првакот Железарец, кој е и лидер на првенството без ниту еден изгубен бод.
Во меѓувреме, Велес во осмина финалето на купот во футсал ќе треба да игра на домашен терен со второлигашот Овче Поле од Свети Николе.
Tweet |