речник контакт

Велес треба да добие три паркинг зони

Кои улици во која зона се. ЈП Велес паркинг планира да набави и т.н. возило пајак

Петар Печков

Според основниот сообраќаен проект, во Велес паркирањето ќе се одвива во три  паркинг зони ,,А,,  ,,Б,, и ,,Ц,,.Овој проект, неговата изработка  е завршена  кон крајот на 2018-та година. Ова го пишува во Годишниот извештај,на ЈП Велес паркинг.  Но уште во старт се појавува проблем со паркирање на главните градски улици, Благој Ѓорев, 8-ми Септември, Димитар Влахов.

Имаме  ситуација кога на улиците во централното подрачје кои треба да ги одбележиме за паркирање, што дефакто е, МВР не дозволува. Од друга страна таа не дозволува паркирање а за сите автомобили кои со години таму се паркираат никогаш не ги казнува за грешно паркирање. Се повикуваат на Правилник дека на магистрални и собирни улици не е дозволено паркирање. Ја продолжуваме постапката  а во пракса ќе имаме паркирање на овие улици како и сега, со тоа што никој нема да плаќа за тоа - рече Аце Коцевски градоначалник на Велес.  

Првата зона ,,А,, ги опфаќа улиците 8-ми септември, Гоце Делчев, Страшо Пинџур и паркинзите пред Судот, кај Саатот, позади Чешелот.  Со зонското паркирање  во овој реон, надлежните сметаат дека ќе се воведе поголем ред во паркирањето во централното градско подрачје, отстранување на возилата кои се паркирани и се со налепница ,,се продава,, , да се постават заштитни столпчиња на простор -тротоари,  каде ги нема па тој се користи за паркирање на автомобили,  да се реши проблемот со паркирање на сопственици на автомобили и од  станари во станбени објекти кои живеат на овие улици  со прифатливи цени.   Но паркирањето на главните градски улици и натаму ќе остане недефинирано.

Втората зона би ги опфаќала улиците: Наум Наумовски Борче, Благој Ѓорев, Лазо Осмаков, Оливер Китановски, Нада Бутникошарова, како и паркинг просторот на улиците Алексо Демниевски Бауман, Наум Наумовски Борче, Петре Прличко, Ангел Мишев, Нада Бутникошарева, Оливер Китановски. Времето на паркирање во оваа зона не би било временски ограничено. 

Зоната ,,Ц,, ги опфаќа улиците: Христо Татарчев, Никола Карев,  Киро Ќучук, Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов, 11-ти Октомври, Андон Шурков, Благој Ѓорев, 3-та Кумановска, Алексо Демниевски Буман. Паркирањето и овде не би било временски ограничено.  

Во планот за работа на ЈП ,,Велес паркинг,, е набавка на машина за одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и промена на вертикалната сообраќајна сигнализација -сообраќајните знаци.  За остварување на работните задачи се планира и набавка на специјално возило т.н. ,,пајак,, за отстранување на непрописно паркирани возила ни и обезбедување простор каде тие ќе се чуваат.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »