Петар Печков
Објавено: среда, 12 октомври 2011
Македонија е во Е-групата со селекциите на Франција, Црна Гора и Швајцарија. Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 20 -23 Октомври во Велкес во салата Гемиџии, решија во ФФМ. Од секоја група во главната квалификациска рунда патуваат првопласираните селекции и двете најдобропласирани од четирите групи.
Доколку Македонија го освои првото место во групата тогаш за противници во главната квалификациска рунда ќе ги добие селекциите на Азербејџан, Украина и Хрватска. Доколку пак го освои второто место можни противници се екипите од 1. Група- Шпанија, Белгија и БиХ или пак од 4. Група каде што се Португалија, Словачка и Литванија.
За нас секако најважен добриот настап во претквалификациската група која според мене е со изедначен состав. Овие репрезентации добро ги познаваме. Франција ја победивме и ремизиравме на последните две пресметки. Со Црна Гора имаме одиграно многу средби и имаме позитивен скор, а на последните две пријателски средби ги совладавме со 2-1 и 4-1, со Швајцарија немаме играно. Генерално гледано , силна и квалитетна група. Според резултатите фаворити сме ние и Франција, но и црногорците не се за потценување бидејќи играат непредвидливо како и Швајцарија која има резултатски подем - вели селекторт Скендеровски.
Еве ја програмата на натпреварите; ( според сајтот на УЕФА)
20.10 18 ч. Франција - Швајцаарија
20,30 Македонија - Црна Гора
21.10 18ч. Црна Гора - Франција
20,30 Македонија Швајцарија
23.10 16,30 Швајцарија - Црна Гора
19 Франција - Македонија
Tweet |