речник контакт

Велес од поголемите градови, лидер по намалувањето на бројот на првоодделенци

Во академската 2025/26 година на факултетите, приватни-државни, запишани биле 1.213 студенти со место на живеење општина Велес

Петар Печков

Во периодот 2018/19 -2025/2026 Велес е рекордер од поголемите македонски градови за процентуалното намалување на бројот на ученици, првоодделенци.

Според Државниот завод за статистика Велес е лидер со 26,7% или во апсолутни бројки од 561 првооделенец пред седум години,  паднал на 411 лани. Веднаш за Велес се Прилеп 24,6, Куманово 23,3, Гостивар 19,8  и Битола со 19,2%. 

Во помалите општини бројките се над 50 отсто – Ново село 72%, Пласница 63,5, Дојран 59, Новаци, Конче, Берово, Зрновци, Кривогаштани, Ростуше Маврово... но таму бројот на ученици е двоцифен. 

Статистиката покажува дека бројот на првачиња во Македонија се намалува секоја година, во изминатите седум години е намален за 4200 деца. Во учебната 2018/2019 биле запишани над 22.100 првачиња, а минатата 2025/2026 година се запишале 17.921, што е намалување од 19 отсто.

Во Велес состојбата е следна:
Во учебата 2000/2001 имало  6.947 основци  а  во 2025/2026  биле 4.172. 

Во процесот на  средно  образвоание во  2017/2018  биле  2.191 ученика а  во 2025/2025  нивниот број е     2.093 ученици. 

Во ПОУ Маца Овчарова  во 2018/2019  биле запишани   55   ученика а   во учебната   2025/2026 бројот е   47.

Во академската 2025/26 година на факултетите, приватни-државни,  запишани биле 1.213 студенти со место на живеење општина  Велес, Градско 46, Лозово  30, Чашка 72. Во 2025 дипломирале 201 студент со адреса на живеење општина Велес.

 фото архива ТрМр 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »