речник контакт

Велес - прва слободна зона од ГМО

Советот на Општина Велес донесе одлука таа да се прогласи за прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми(ГМО).

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе одлука таа да се прогласи за прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми(ГМО). Со ова се забранува внесување, одгледување, продавање и производство на било какво растение, храна или животно со ГМО. Истата е донесена по иницијатива на ЕД Вила Зора и Центарот за поддршка на НВО секторот. Причина поради која се донесе оваа одлука е сериозната закана по животот и здравјето на луѓето и природата од ГМ организите кои предизвикуват стерилност на почвата и уништуват дел од биодиверзитетот. Екологистите сметаат дека со оваа одлука ќе ги заштити граѓаните од недекларирана и опасна храна по нивното здравје. Велес е прва општина на Балканот која се прогласи за слободна зона од ГМ организмите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »