речник контакт

Велешанецот Александар Николовски ги промовираше неговите пет книги

Делата се од жанрот трилер, мистерија а за една од нив авторот има добиено награда од УНЕСКО за млад и неафирмиран автор

Петар Печков

Младиот велешки автор Александар Николовски  неодамна промовираше пет негови  книги, кои ги пишувал изминатите неколку години. Промоцијата беше во организација на велешката Библиотека Гоце Делчев,  а книгите веќе можат да се изнајмат за читање од оваа институција.

Николовски кој има 27 години и е дипломиран инженер по информатички науки ги промовираше неговите книги - Џокер во покер, Невеста од соништата,  Страв од вистината, Ќе посакаш да умреш и  Змијарот. Делата се негово издание и се трилер мистерија.     

Приватно најмногу сакам да ги читам овие жанрови  а кај нас во Македонија нема модерни автори, кои пишуваат од овој жанр. Во реалниот живот нема можност да се убиваат главните ликови но во книжевноста е можно.  Овој жанр се бара, лесен  е за читање, возбудлив со непредвидлив крај - кажа Николовски.     

Од март до октомври годинава  за седум месеци напиша и издаде три книги „Невеста од соништата“,  „Ќе посакаш да умреш“ и „Змијарот“ затоа што во време на     пандемијата му останало  повеќе слободно време, да творам од дома, да ги преточува во текст идеите кои ги има.  

Неговиот прв роман „ Џокер во покер„ е награден на  конкурсот УНЕСКО  за млади и  неафирмирани автори, пред три години, тогаш под работен наслов работен „Ас во ракавот“. Книгата    уште е барана и читана, а   има и доза на романска и драма. „Страв од вистината“ според авторот Николовски е   најбарана од неговите книги, седмиот тираж е продаден осмиот  следи по Нова година.

Тоа е за мене најшокантна книга, со непредвидлив крај , ги заковува читателите да ја читаат , книга која читателот ќе ја помни, нема да ја заборави. Книгите се засебни, не се меѓусебно поврзани иако имаат исти јунаци инспекторат Горазд Николов   и  неговиот наследник Димитар - објаснува Александар.  

Неговиот последен роман „Ќе посакаш да умреш“  излезе кон крајот на октомври и продаден е првиот тираж,  а деновиве излегол  и вториот кој исто така е баран. Младиот велешки автор, пишува  и поезија, има и книга   „Поле со камилица“  која уште не е официјално објавена. Поезијата е  со љубовна тематика, контраст со тоа што го пишува во прозата. Во однос на тоа како читателите ги прифаќаат неговите дела тој скромно вели, дека потребна му е критика.  

Не сум уверен дека книгите се идеални и затоа треба да се прифане критиката, таа е од корист,за да се поправи авторот во следните дела - заврши Николовски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »