Петар Печков
Објавено: среда, 05 март 2014
Младиот македонски интернационалец, ракометарот Дарко Димитриевски (20 год) во новото друштво, со победа и еден посигнат гол ја започна кариерата во Шпанија. Неговиот нов клуб Пуерто Сангуто како гостин забележа победа над екипата на Хелветиа Атаинасуна со 26:25, полувреме 14:11.Димитреивски беше стрелец на еден гол, од два обиди.
Тој од неодамна го напушти Катар каде играше една и пол сезона, и од почетокот на месецов се пресели на Иберискиот полуостров, каде за клубот од Валенсија ќе настапува до крајот на оваа сезона и го носи дресот со број 88. Димитриевски игра на позицијата среден бек и е втор македонски ракометар во шпанската ракометна лига.
Ова за мене е голем чин, да се игра во АСОБАЛ лигата, добивање на искуство, напредок во кариерата. Понудата со задоволство ја прифатив и очекувам дека тоа ќе биде скалило погоре во мојата кариера – рече Димитриевски.
Екипата на Пуерто Сангуто е на 13-то место од 16 екипи, со 14 бодови од 20 кола и се бори за опстанок во ова друштво.
Tweet |