Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 мај 2021
На претстојното Европско првенство во кајак слалом на диви води, кое ќе се одржи деновиве од 6-ти до 9-ти мај, ќе настапи и велешанецот Ангел Петрушев, како единствен претставник од Македонија.
Тој ќе вози четврток во квалификациите за К-1, претпладне и попладне по една трка. Петрушев е член на ККК Вардар од Велес.
Првенството се одржува во Ивреа во Италија.
Tweet |