речник контакт

Велешанецот Попов помагаше во спасувањето на Брчко

Наместо една седмаци остана три во поплавената Босна

Петар Печков

Велешанецот Иле Попов заедно со 14 останати членови на македонистка спасувачка експресија три седмици престојуваше во Босна и Херцеговина, каде помагаше на тамошните жители од поплавите. Иако заминал за да остане пет дена, по барање на домаќините престојот се одолжил во 16  работни денови.  Тој таму престојувал преку Дирекцијата за  заштита и спасување, со тимот за одговор за катастрофи во екипата за безбедност на вода и под вода.  

Моја задача и на сите од тимот беше да ги евакуираме лицата кои беа останати во подрачјата под вода, откако реката се излелала. Така работевме првите денови   а потоа работавме на испумпување на водите од куќите.  На почетокот бевме во дистриктот Брчко а  потоа  и во околните села и градови. Со чамец носевме  и храна   по домовите на луѓето кои беа под вода, а не сакаа да ги напуштат, поради стравот дека ќе бидат  огребени или ќе останат без покуќнината  – објаснува младиот професор по физичко воспитување Иле Попов.

Тој иако требало да остане неколку дена, по барање на тамошната Влада, заедно со останатите Македонци го продолжиле престојот, наместо една седмица останале три.  Тој лично го почувствувал пеколот од оваа елементарна непогода поплавата која го зафати регионот. 

Тоа беше една жална слика, слика кој не  посакувам никој да ја види. Го дававме нашиот максимум. Работевме на помош околу реката Брка. Поради надојдената Сава оваа како и да  не постоеше, течеше нагоре кон изворот, толку вода имаше од поголемата Сава, која имаше големо ниво Од канализацијата од секоја дупка од земјата извираше вода, надоаѓаше, каде имаше отвор. Многу лоша слика. Таму сепак се здобив со големо животно искуство, дека со водата  нема  играчка, таа е господар во природата. Се здобив и со големо искуство од реалниот живот кое ќе го имам за себе и се надевам дека ретко или никогаш нема да го користам   – вели Попов.

Тој јавно се  заблагодарува на пречекот на тамошното население и  на соработката со колегата од Скопје Зоран Ристевски, со кој бил одговорен за чамците.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »