Петар Печков
Објавено: вторник, 24 февруари 2015
Велешанецот Панче Танев во 76-тата година од животот и натаму витален, разговорлив и во добра кондиција. Тој уште пред три децении беше згрижен од државата откако имаше сериозни здравствни проблеми. И во недосток на можноста да добие адекватна лекарска нега во државата, беше испратен ни повеќе ни помалку во Америка, таму да биде опериран. Иако бил обичен мајстор во Свилара, немал никави врски да добие некаква заштита или врски за да замине на скапо лекување во странство, тоа и го добил.
Ми беше запушена аортата на излезот од срцето, имав сериозни здравстени проблеми. Во тогашна Југолсавија не можеше да се направи операцијата и ме испратија за Хјустон. Бев примен од д-р Дентон Кули оператор и сопственик на Болницата во Хјустон. Неговото име е на документот од операцијата каде е потпишан, исто како и моето - вели Танев. Тоа се случило во 1983 година кога во мај е опериран во Хјустон САД во Болница сопственост на Кули, Крајцер и црквата.
Бев испраен од Фондот на здравство, на товар на Фондот на здравство. Операцијата чинеше 17 илјади долари, ме испратија, ме оперираа и се вратив по еден месец престој таму. За да заминам на лекување чекав од ноември до мај, на 9-ти, кога тргнавме за Америка - објаснува Панче.
По операцијата секоја година добивал честитка од нив и извештај за потрошените пари. Тогаш работел како мајстор во Свилара во Нонча Камишова , имал 44 години возраст. Во Хјустон бил заедно со 4 лица . Со Живко Георгиевски финансов директор во Македониај табак, Бошко Станковски тогаш од Шумско стопанство Македонија , комерцијален директор на Мичуринка Миле Ивановски, и Периќ Благој работник во Македонски фолклор.
Јас и Миле бевме работници,другите тројца високи функционери. Условите во болницата беа многу добри, раскошни, невидено опремена установа. Таму работеше и познатиот хирург Де Бејки, само мене ме оперираше д-р Кули - додава Панче Танев. По ова 25 години немал проблеми, за во 2006-та да има инфаркт и 2007-ма на операција кај Жан Митрев.
Во Хјустон ме лекуваа без да потрошам динар од мене, а во Скопје платив 25 илјади денари - заврши Панче.
Tweet |