речник контакт

Велешанец бил уапсен во Куманово поради кражба, ама бил баран оти избегал од затвор

Кражбата ја извршил со кумановец

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток,  велешанец бил уапсен во Куманово поради сомнение за извршена кражба. Истата ја извршил со кумановец.

„На 23 февруари, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Б.(28 год) од Куманово и М.Д.(23 год) од Велес.Тие се сомничат дека на 16.02.2023 од приватен имот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово одзеле повеќе предмети“- соопштија од МВР. Но велешанецот бил избеган и од затвор, па затоа баран со потерница.

„М.Д. бил баран и со судска наредба за издржување на мерка притвор во Казнено-поправната установа Затвор К’шање- Кумнаово. Откако бил уапсен, бил спроведен во установата за издржување на мерката притвор“- додаваат до МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »