Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2020
Според судските пресуди, објавени на порталот на Основен суд Велес, велешанец два пати е парично казнет бидејќи во време на полицискиот час, бил затекнат на улица во градот, на јавна површина, а за тоа немал дозвола.
Лицето првиот пат бил на Сармаале а бил легитимиран од страна на полициски службеници на 4-ти април - сабота, во 16,50 ч. а вториот пат на 25 април, повторно сабота во 17,40 ч. на улица Пајак Планина.
Во двата случаи немал дозвола да се движи во време на полициски час, па за кривичното дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ му е изречена пресуда, со која се издава казнен налог во висина од по 48,8 илјади денари како и судски паушал од 5 илјади денари. Или вкупно неговото шетање низ град во време на полициски час го чинело 107,6 илјади денари.
Tweet |