речник контакт

Велешанец ем пијан ем со забрана, управувал автомобил по автопат

Запленето му е возилото „ланчиа“

Петар Печков

Саботата навечер во близина на Скопје велешанец е уапсен откако е констатирано дека возел под дејство на алкохол но и имал забрана за управување на возило. Деталите од информацијата на МВР.

„На 28 февруари  во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54 год) од Велес. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило“ – соопштија до МВР.

Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »