Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јануари 2014
Во тешка сообраќајна несреќа која се случила во близината на Росоман загина велешанецот Димче Пљаков ( 38 год) додека Јовица Н ( 42 год) е пренесен на Клиниките во Скопје.
Според полицијата несреќата се случила во средата вечер во 20,50час. на регионалниот пат Градско - Прилеп во близина на близина на Бензинската пумпа Црна река. Сообраќајката била помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со велешки регистарски ознаки управуван од Јовица Н. и товарно моторно возило марка „сканија“ со полуприколка со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ц. (56) од Прилеп.
Во незгодата од здобиените повреди починал совозачот во патничкиот автомобил Димче Пљаков, додека возачот на патничкиот автомобил Јовица Н се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Клинички центар Скопје. Возачот на товарното моторно возило К.Ц. се здобил со лесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Општа болница Кавадарци пуштен е на домашно лекување.
Сведоците велат дека пежото кое возело бргу, минало на левата коловозна лента и удрило директно во камионот. Увид на лице место извршил јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, по што ќе бидат познати причинети за несреќата.
Телото на починатиот е предадено на фамилијата. За време на увидот сообраќајот на релацијата Градско – Прилеп бил во прекин три и пол часа, во времето од 21,00 час. до 00,30час.
Tweet |