речник контакт

Велешанец загина во сообраќајка кај клучката Крупиште

Возачот од Велес управувал пикап – возило со скопски регистарски таблички

Петар Печков

Во понеделникот на пладне, во сообраќајна несреќа која  се случи на експресниот пат Штип- Кочани во близина на клучката кај Крупиште, загина велешанец.

Сообраќајната несреќа се случила меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистарски таблички. На лице место е почина  62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистарски таблички.

„На 29 мај  12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(62) од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(41) од село Будинарци, беровско. На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24 год) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“- соопштија од МВР.

При отстранување на последиците, повредениот и починатиот од возилата, интервенирала екипа на штипските пожарникари.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, по што ќе биде позната причината за сообраќајката, со трагична последица по еден нејзин учесник.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »