речник контакт

Велешанец загина во сообраќајка кон Охрид

Возач на камион загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано изутрина на магистралниот пат Охрид - Битола во близина на тунелите на превојот кон Буково.

Петар Печков


 

Како што соопшти СВР Охрид, Љубе Јанкоски  (57) од Велес кој управувал со камионот марка „Мерцедес“,  движејжи се кон Охрид изгубил контрола и преминал на спротивната коловозна лента, по што возилото излетало од патот, се превртело и завршило на левата коловозна лента. Возачот починал на самото место од повредите здобиени во несреќата.

Сообраќајката  се случила утрово во 5 часот и 45 минути во близина на вториот тунел кај Охрид.

Од страна на случајни минувачи бил забележан превртен камион со велешки регистраски таблички по што веднаш после 15-тина минути од несреќниот случај пријавиле во охридската полиција.

Екипа на СВР Охрид и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на истражен судија врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »