Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2020
Велешанец е каснат од змија додека работел на нива. Настанот се случил при крајот на минатиот месец. Ова е прво каснување на змија годинава во велешко и единствено засега за првите шест месеци.
Жител на Велес, на 74 годишна возраст е каснат во околината на село Караслари, додека работел на нива. Веднаш штом е донесен дадена му е ампула против змиски отров. Случајот е регистриран пред две седмици - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес, на прашањето на ТрМр колку казнувања од змија има ова првата половина на годината во велешко.
И лани во овој период има регистрирано едно каснување од змија во околината на село Караслари.
Од почетокот на годинава регистрирани се 13 каснувања од кучиња и мачки на жители на велешко кои дошле на Инфективно одделение да побараат помош, и оваа бројка е заедничка, објаснија од Болницата.
Tweet |