речник контакт

Велешанец на 38 годишна возраст починат од последиците на корона вирусот

Во Болница има згрижено 35 пациенти

Петар Печков

Маж на 38 годишна возраст од Велес, починат на скопски клиники, поради  здравствени проблеми од ковид-19. Тој е  еден од двата смртни случаи, на лица починати од Велес од последиците на корона вирусот. Вториот е исто такa маж, на 72 години кој се лекувал во  Инфективното одделение од велешка Болница.  Така во велешко има  257 жртви на корона вирусот.

И денес, четврти ден по ред има помал број на ново заразени отколку нови позитивни случаи. Оздравени се 10 а ново заразени се осум лица. Бројот на активни случаи во велешко е 340.  

Осетно се намали бројот на згрижени  пациенти во трите ковид одделенија од велешка Болница. таму претпладнево имаше 35пациенти, двајца повеќе  вчера. Од нив 24  се позитивни потврдени  со ПЦР тест, двајца се  непотврдени  и деветмина  се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен се двајца пациенти по еден на  Интерно одделение и   во модуларната Болница, кој е трансфериран од Интерно одделение. Нема испишани пациетни.  На  континуирана кислородна поддршка се 13 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 18, во Модулaрна болница има 15  пациенти додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има двајца.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »