Петар Печков
Објавено: среда, 27 октомври 2021
Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против лицето С.Ј.(48) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
„На 24-ти октомври на Граничниот премин Табановце, пријавениот приложил фалсификуван негативен ПЦР тест во електронска форма. По преземени мерки било утврдено дека во телефонот на пријавениот имало повеќе ПЦР тестови, брзи тестови и сертификати за вакцинација, со различни имиња“- соопштија од МВР.
Tweet |