речник контакт

Велешанец повреден во сообраќајка во Штип

Се здобил со скршеници,згрижен бил во Клиничката болница

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, велешанец  бил удрен во Штип, од автомобил. Се здобил со скршеници. Деталите од информацијата на СВР Штип.

„На 15 септември  околу 14:10 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(53 год) од Штип, удрило во пешакот Д.В.(37 год) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип“ – пишува во извештајот на СВР Штип.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »