Петар Печков
Објавено: среда, 13 јули 2022
Во текот на вчерашниот ден, почина велешанецот С. Љ. (60год) од каснување на оси. Настанот се случил на неговото работното место, во фирма во Речани. Веднаш била побарана здравствена помош од службата на Итна помош.
„Повикот е добиен во 11,05 ч. лицето имало убоди по целото тело, раце, лице. Било во кома, дадена му е ампуларна терапија, реанимирано и префрлено на анестезиологија во велешка болница“ - кажа д-р- Василка Пановска началник на Итната помош во Велес.
Од велешка Болница потврдија дека добиле случај на лице кое било во тешка здравствена состојба.
„Донесен е пациент во лоша здравствена состојба, без знаци на живот. Реанимиран е но без успех“ - соопшти д-р Весна Николова Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |