Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2020
Кај тројца од 18 полициски службеници, кои изминатата недела биле на извршување работни задачи во одморалиштето на МВР во Охрид, тестот на корона вирусот бил позитивен. Оваа информација на порталот МКД.МК ја потврдиле од МВР. Меѓу тројцата припадници е и велешанецот, кој вчера беше регистриран како позитивен, соопштија надлежните од Велес.
Порталот МКД.МК пишува дека по враќањето во Скопје, еден од припадниците на Единицата за брзо распоредување пројавил симптоми на заразеност на ковид-19. Направени биле тестирања кај сите 18 полицајци.
Од досега добиените резултати тројца од нив биле позитивни, а четворица се негативни на вирусот ковид-19, додека за останатите 11 резултатите се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден.
Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација, а во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, информираат од МВР.
Tweet |