речник контакт

Велешанец пријавил дека е измамен за 11 илјади евра

Како и во претходните случаи кога пријавителите беа оштетени за 20 илјади евра, парите ги барале за лекување на близок роднина

Петар Печков

Нова пријава за измама на повозрасен велешанец, со исто образложенеи, пари потребни за лекување на член на семејство. Деталите од информацијаа на велашката полиција.

„На 6 ноември 2026 во 12:00 часот во СВР Велес 89-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од околу 11.000 евра. Според пријавеното, тој во неколку наврати ѝ позајмил пари на М.В. , која го доведувала до заблуда дека и се потребни за оперативен зафат за член на нејзиното семејство“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиeва, портпарол на СВР Вeлес. 

Претходно тројца велешани од повозрасната категорија граѓани, неависно еден од друг пријавиле дека роднина од Битола ги измамила за вкупно 20 илјади евра, која ги барала исто така за лекување на нејзината внука.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »