Петар Печков
Објавено: среда, 03 февруари 2016
И.С. (49 год) околу пладне бил пронајден како лежи во близина на продавницата на КАМ во Нова Населба. Минувачи го виделе во 11,30ч, како неподвижен лежи, повикале итна помош а кога дошле докторите констатирале дека лицето е починато. На него не биле пронајдени траги на насилство, констатирана е природна смрт.
По наредба на јавен обвинител нема да има обдукција а телото е предадено на семејството. Бидејќи И.С. бил регистриран како социјален случај и тој и неговиот брат, кој нема можност да организира погреб, истиот ќе се изврши на семејните гробишта на сметка на Општина Велес.
Настанто го потврдија од СВР Велес и од ЈЗУ Медицински центар.
Tweet |