речник контакт

Велешанец со семејно насилство врз сопругата, полнолетен син па ги нападнал и полицајците кои дошле на помош

По документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави

Петар Печков

Четвртокот по полноќ, велешанец извршил семејно насилство врз сопругата, синот,  таткото на сопругата а откако побарале помош, ги нападнал и полициските службеници. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 21.08.2025 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(40 год ) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата 44- годишна сопруга, нејзиниот 20-годишен син и нејзиниот татко во домот на татко на неговата сопруга во велешко село, а физички ги нападнал и полициските службеници кои постапувале по пријавата“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.   

А.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »