речник контакт

Велешанец осомничен за педофилија

Тој бил сосед на жртвата

Петар Печков

Основното јавно обвинителство – Велес отвори истрага против  лице за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Од соопштението на  обвинителството  осомничениот 47 годишен велшанец, сосед на детето кое имало  12 години, вчера на 9-ти март годинава,  во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со својот автомобил. Откако жртвата влегла во автомобилот, осомничениот ги заклучил вратите и почнал да врши полови дејствија на што момчето се спротивставило. По дадениот отпор, осoмничениот го вратил детето на 100- ина метри близу до куќата каде живее и каде го оставил.

 На  обвинетиот му е изречена мерка притвор од еден месец, по барање на јавен обвинител, со образолжение на  околностите под кои е сторено кривичното дело и видот и висината на запретената казна за истото, како и  можноста од бегство на обвинетиот или повторување на кривичното дело. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »