Петар Печков
Објавено: недела, 28 јануари 2018
Ноќеска, сабота кон недела, велешанец бил натепан дома. При тоа му се заканувале по животот и со нож. МВР информираше за овој настан, кој се случил на велешка Рамина.
На 28.01.2018 година околу 00.30 часот во Велес, на ул.„Благој Страчковски“ во својот дом додека З.А.(38) спиел, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В. Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело. Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат. Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат. Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале- стои во писменото соопштение на МВР.
Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Tweet |