речник контакт

Велешани без дежурна аптека ноќе

Велешани останаа без ноќните дежурства во аптеките, откако пред месец и половина се укинати овие смени, со кои во итни случаи пациентите се снабдуваа со потребните лекови.

Петар Печков

Велешани останаа без ноќните дежурства во аптеките, откако пред месец и половина се укинати овие смени, со кои во итни случаи пациентите се снабдуваа со потребните лекови. Граѓаните се непријатно изнаенадени што после 22 часот во градот нема аптека од каде ќе можат да се снабдат со неопходните лекарства.

- Незнам зошто е укинато нешто што добро фунакционираше, а подоцна беше прифатено и од другите градови во земјава. Без оглед на се, дежурна аптека на пациентите им е потребна бидејќи има случаи кога мораме од аптека да земеме лекови – велат велешани, кои за ова дознаа од информациите залепени на влезовите во аптеките, каде пишува дека дежурствата се укинуваат од 1-ви февруари. Надлежните објаснуваат дека со законските новини кои стапија на сила годинава, дежурствата не се предвидени.

- Работното време на аптеките повеќе не е во надлежност на Фондот за здравство, туку на Министерството за здравство. Со него е пропишано дека аптеките немаат обврска континуирано да работат 24 часа. Затоа пациентите треба благовремено да се снабдат со лекови за акутни и хронични заболувања – вели Анде Марковски, раководител на Фондот на здравство во Велес. Тој потсетува дека матичните лекари треба да организираат дежурна служба, која заедно со Брзата помош, имаат обврска за 24 часовна грижа и обезбедување на континуирана здравствена заштита на пациентите. Овие дв? служби треба да располагаат со комплетна ампуларна терапија за примарна здравствена заштита и лекови за итни случаи, со што е ставен крај на ноќните смени во аптеките. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »