Петар Печков
Објавено: вторник, 04 октомври 2011
Четиристотни домашни животни, најмногу кучиња и мачиња беа вакциниран во Велес, како превентива во борбата против беснилото. Во Градскиот парк сопствениците масовно ги донесоа домашните миленичиња за да добијат бесплатна вакцина против беснило. Надлежните сметаат дека овој интерес се должи на високата свест за заштита на овие животни, додека сопствениците се плашат за нив, по двете заболени лисици кои изминатиот период се јавија во велешко.
Ова е добар потег, да можеме да ги бесплатно да ги вакцинираме нашите домашни животни. Превентивата е добредојдена, бидејќи пролетва и летово во велешко имавме два случаи на појава на лисици заболени од беснило кои дојдоа дури во селата, и затоа сум тука – вели велешанец кој ги донесе кучето Марко и мачорот Том на вакцинирање.
Во Македонија изминатиот викенд се спроведе голема акција за масовна вакцинација против беснило, која ја спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарните станици во осум градови во земјава. Таа се спроведе во рамките на кампањата ,,Здрави животни, здрави луѓе,, и беше финансирана од фондовите на ЕУ.
Tweet |