Петар Печков
Објавено: среда, 21 март 2012
Велешани реагираат што јавните чешми во градто се суви. Таа на Сармаале, спроти Аптека, кај Дизни, спроти Пошта се затворени.
Цело зимо течеа, сега кога се стопли и кога ни се пие вода, нема од каде да се напиеме. Темепратурите се преку 25 напладне, не се шета а вода ни се пие, до кога ќе биде вака - велат постарите велешани кои секојдневно тополото време ги изнесе на отворено.
Од ЈКП Дервен официјално велат дека како последица на екстремно ниските температури што траеа неколку месеци, испукаа неколку водоводни цевки од кои се снабдуваа со вода јавните чешми во градот. За да се спречи понатамошно оштетување на цевките, јавните чешми се исклучени од водоснабдување. Сега работните тимови на РЕ Водовод работат на санација на оштетените цевки, по што јавните чешми повторно ќе бидат во употреба.
Tweet |