Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2015
Верскиот празник Задушница го зголеми интересот за грнчарските производи во Велес. На овој ден се раздава за помен на починатите а според традицијата и верувањето кај велешани, најдобро е тоа да биде грнчарија, бардаци,земјени садови. Поради тоа на Градскиот пазар, најголем интерес овој пазарен ден имаше токму за овие прозиводи.
На блиските или познатите им се дава бардак, стомна, за починатите да има да пијат вода. Се раздава и глинен сад, кој се полни со цреши, јагоди. Некој го покриваат гробот со лисја од ореви за сенка на мртивте- вели постара велешанка, која чекаше во редица за да купи грнчарија.
Така стариот велешки популарен занает грнчараството, барем еден ден во годината е популарен а нивните производии барани. Ако своевремено во градот имало десетина грнчари, сега се само двајца. Меѓу нив беше и Гордана Недева, која секој пазарен ден е на велешкиот пазар и ја нуди нејзината стока, но за разлика од другите денови овој пат имаше поголема потрошувачка.
Традиционално за Задушница велешани купуваат грнчарски производи, кој што милува. Порано се продавало многу повеќе, сега не е така. Само постарите купуваат од нив, помладите земаат порцелан - вели Гордана.
Задушница е денот кога според народното верување, душата на покојните претци доаѓа од оној свет, кај своите блиски барајќи вода, храна, поради што се раздваат за спомен и овие грнчарски производи.
Tweet |