Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 септември 2021
Откако за 40-тина дена, порасна процентот на опфатеноста во велешко на вакцинирани против ковид-19 од секој трети на секој втори, деновиве се бележи опаѓање на интересот. Затоа пак тие што сакаа да се вакцинираат со прва доза, има можност да избираат со која вакцина ќе бидат вакцинирани.
„Се аплицира прва доза „Фајзер“, „Синовак“ из а граѓаните над 60 година возраст „АстраЗенека“.Интерес за прва доза е намелен. Вакциналниот пункт уше оваа недела ќе работи во две смени а веќе од сабота нема да име дежурства“ - кажа д-р- Марина Тодоровска координатор за вакцинација против ковид-19 во Велес.
Минатата седмица вонредно се извршила теренска вакцинација по барање на жителите на село Иванковци, при што биле аплицирани 31 прва доза вакцина. Втората доза ќе биде на 30 септември. На почетокот до месецов бил забележан зголемен интерес за вакцинација на млади од 16 и 17 години за вакцинација, како и на 18 годишници идни бруцоши, кои се запишале на факултет.
Tweet |