Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јуни 2010
СВР Велес изминатиот викенд спроведе една контрола во угостителски објекти лоцирани на градското подрачје, односно ресторант Болетус, кабаре Ноктурно, базент Снупи и кафе бар Мурано, каде со помош на фонометар беше извршено мерење на штетната бучава, при што не се констатирани прекршоци.
Претходната седмица беше извршена контрола во неколку локали, базен Снупи, кафе бар Стонс, Мурано, Сити, Аквариус, Прего, Ескејп, Диедн и кабаре Ноктурно кога исто со фонометар е извршено мерење на штетната бучава, при што не се констатирани повисоки вредности од дозволените.
Tweet |