Петар Печков
Објавено: сабота, 08 декември 2018
Претпладнево во Велес се одржа акција за пошумување, која се одвиваше на локалитетот ,,Вршник,,. Се засадуваше багрем на три хектари а учествуваа околу 200 лица, најмногу вработени во општински институции на локалната власт. Градоначалникот Коцевски потенцираше дека ова по 10 години е прва самостојна акција на Општина Велес, надвор од тие ,,,Ден на дрвото,, .
Правиме корисна работа граѓанска акција за пошумување. Ќе организираме по две акции годишни пролетни и есенски, имаме огромни голи површини во околината на градот за да ја подобриме животната средина. Сакаме тоа што го засадуваме, да не е на големи територии туку на помали површини и да создаваме зелен појас за заштита од згадувањето - кажа Коцевски.
Тој упати благодарност до сите учесници кои засадуваа- припадниците на АРМ и МВР, граѓански здруженија и ЗГ ,,Акцијаш,, Засадувањето се изврши во околината на населбите Тунел и Превалец каде поради работата на каменоломот има сериозно загадување на воздухот.
Засадени беа околу 6 илјади садници со багреми обезбедени од општински буџет и 2 илјади садници од ШС Бабуна -јавор и јасен. Од неделава, поради претходно долготрајната суша, Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес започна голема акција на засадување на опожарените површини во близина на автопатот Велес- Скопје. Се засадуваат 30 хектари со багрем, јавор и јасен. Ова пошумување треба да заврши до крајот на годинава.
Tweet |