Петар Печков
Објавено: сабота, 13 април 2013
ТРМР ви нуди можност да ги видите велешани збрани за разни поводи во голем број а на различни локации во градот, децении наназад. На овие фотографии се учениците во основното училиште во село Теово од 1940-та и таа е од професорката Вера Гајдова, која ги поздравува сите кои ќе се препознаат на неа. На следната се општинските работници во Срезот Велешки од 1934-та, подарок од Љупчо Данов.
Има и фотографија од собирањето на манастир, секој четврток по Велигден. Таа слика е од 1918 година. Има и фотографија од политички митинг во Велес, слика од 30-тите. Има и две фотографии со музичари, првата е од турско на почетокот на минатиот век а втората е создадена подоцна. Една фотографија е со членовите на Градскиот хор фотографирани пред црвкатра Св. Спас. Овие фотографии зборуваат за општествениот живот кој го имало во Велес, без оглед на системот и владеењето.
Tweet |