речник контакт

Велешани ноќеска дишеа високи вредности на чад, поради пожарот кај Железничка станица Рајко

Пожарот е локализиран, сопрен е да стигне до селата С`лп и Влахчани

Петар Печков

Ноќеска велешани се гушеа од чад, од пожарот  која зафати површини над Железничка станица Рајко, близу Велес. Потврда за ова се и вредностите на мерните инструменти на Министерството за животна средина, кои покажуваат високи часовни  параметри  на јаглен моноксид, во текот на ноќта.

„Не се спиеше, мислевме дека нешто ни гори во куќата, проверуваме, не разбуди лошата миризба од сон. Вака беше пред еден  месец кога гореше депонијата за смет, еве ноќеска повторно чадот не гушеше“ - велат велешани.

Претпладнево пожарот кој беше регистриран вчера околу 13ч.  е локализиран. Првичните проценки на надлежните кои се  на терен, се дека се зафатени 200 хектари ниско стеблеста шума и  трева.  

„Тоа што минувачите на автопат- Скопје- Велес гледаат чад, е поради трупците од дрвото габер кое беше зафатено и сега тие тлеат. На терен се дежурни екипи кои  патролираат по локацијата. Чадот ноќеска се спушти по реката Вардар до Велес и затоа имаше мирис на изгорено““ - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Спасени се селата С`лп и Влахчани, чии жители активно учествувале во гаснењето на пожарот, заедно со пожарникарите и вработени во ШС „Бабуна“ од Велес. На почетокот на неделава, во понеделникот гореше шумата над железничка станица Пчиња, во близина на вчерашниот  пожар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »